Од Газа евакуирани и последните двајца македонски државјани

Од Појасот Газа успешно се евакуирани и последните двајца македонски државјани. Се работи за брачен пар, кој од Газа привремено е пренесен на египетска територија, а од главниот град Каиро се очекува да допатува во земјава. Ваква информација претпладнево сподели министерот за надворешни работи Бујар Османи на неговиот профил на Фејсбук.

-Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани, информира Османи на својот профил на Фејсбук.

Пред десетина дена од Газа во Македонија пристигна четиричлено семејство Скаик, а по што беше најавено дека ќе продолжат напорите за евакуација и на уште двајца наши државјани кои се таму.

Претходна вестВозрасни и малолетници се тепале во скопски Карпош
Следна вестЗабрана за влез на муслимани, крај на војната во Украина и целосно уништување на „Длабоката држава“, ова се дел од ветувањата на Трамп