Од овој викенд, поточно ноќта помеѓу сабота и недела, почнува летното сметање на времето. Тоа значи оти стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот.
Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето.
Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.