Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Цената на бензините од ноќеска на полноќ ќе биде поевтина, додека на дизелот поскапува, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари, и од полноќ ќе се продава по малопродажна цена од 82,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава поевтино за 1 денар, односно од утре ќе изнесува 84,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 0,5 денари, и ќе изнесува 73,5 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,5 денари, и ќе изнесува 73 денари, додека мазутот поевтинува за 0,2 денари, и од утре ќе се продава по 42,5 денари по килограм.

Претходна вестРазрешен директорот на Кардиохирургија Шокаровски
Следна вестKосово стана придружна членка на Парламентарното собрание на НАТО