Моторниот бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари за литар, а за денар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 87 денари за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 77 денари, а 76 денари ќе чини литар Екстра лесно.
Не се менува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95, односно ќе се продава по 85 денари за литар.
Поскапување има и кај мазутот М-1 НС чија малопродажна цена се зголемува за 0,979 денари за килограм и ќе изнесува 44,776 денари.