Од ноќеска на полноќ поевтинуваат сите горива

Горивата од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по пониска цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе се намали за 1,5 денари, и од утре ќе се продава по 83 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се изнесува 85,5 денари, што е намалување за 1 денар. За 1 денар ќе има намалување на цената на ЕУРОДИЗЕЛ и ќе се продава по 73 денари по литар.

Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар и ќе се продава по 72,5 денари, а мазутот поевтинува за 0,3 денари и ќе се продава по 42,6 денари по килограм.

Претходна вестНов линк за измама на граѓаните: „Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“
Следна вестОдбележан Денот на пожарникарите: Скопската Противпожарна бригада треба да има минимум 450 пожарникари, сега има 180