Темно Режим Светло Режим

Од новозаразените со вирусот во Скопје најмногу се од Сарај, Бутел, Чаир и Аеродром

Во последните 24 часа во Македонија се дијагностицирани нови 38 случаи со Ковид-19. Како што соопшти министерството за здравство од новозаразените лица дури 24 се од Скопје.

Како што информирале за државната информативна агенција МИА од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје 24-те заболени во Скопје се од Бутел-4, Сарај-7, Чаир-3, Аеродром-3,Студеничани-2,Гази Баба-1, Шуто Оризари-2, Кисела Вода-1 и Карпош-1.

Инаку, останатите новозаразени се во Куманово 4, Штип 4, Тетово 3, Битола 1 и Неготино 2 лица.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

МВР ќе објавува информации за функционери кои се можни сторители на кривични дела

Следниот Пост

Клекна до заклучениот велосипед и за 4 секунди го украде среде Скопје