Од објект во изградба одзеле градежен материјал,приведени крадци од Гостиварско

Синоќа во 18.10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода О.Џ.(31) од Гостивар и А.А.(24) од с.Форино, гостиварско.

Тие се сомничат дека во текот на денот од објект во изградба одзеле градежен материјал.

Одземениот материјал бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе следи соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Претходна вестНишто од владиното оро во тунел: Патот Кичево-Охрид за малку не е готов
Следна вестМакедонските ракометари пристигнаа во Германија