Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Новите цени на горивата ќе важат од полноќ.
Цените на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, а бензинот Еуросупер БС-98 поевтинува за еден денар по литар.
Намалување има и кај малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 76 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5, Еуродизел (Д-Е V) за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 75,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,686 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 39,370 денари.