Од утре задолжителен ПЦР тест за влез во Србија

Од утре сите граѓани на Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија за влез во Србија треба да имаат негативен ПЦР тест кој нема да биде постар од 48 часа, решено е денес на седницата на Кризниот штаб, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа одлука ќе важи од утре, 15 август и нема да се однесува на српските државјани кои доаѓаат од територијата на тие земји, изјави епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на Кризниот штаб.

Претходна вестУапсени три лица кои ограбиле македонски државјанин во Драч
Следна вестКомисијата за заразни болести со конечен предлог за наставата, Владата треба да одлучи