Од вчера попладне нема возови во земјава, за опозицијата железницата е во кома

Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.

Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до УО на претпријатието и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.

Бојкотот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.

Железничкиот сообраќај во нашата држава ги живее најлошите години од своето постоење, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочуваат дека не се памети кога железниците во Република Македонија биле во олку лоша состојба.

-Железниците се во вештачка кома. За жал, на праг сме на целосно замирање на железничкиот сообраќај, а со тоа Македонија да стане единствената земја во Европа без железнички сообраќај. Пред 3 години со укинувањето на единствената меѓународна железничка линија Солун-Скопје-Белград, станавме меѓународно железнички изолирана земја, а сега со укинувањето на внатрешните железнички линии кон Кичево и Кочани се најавува и домашно замирање на овој превоз, изјаи денеска .

Од опозициската партија дадоа поддршка на вработените во железница кои ја бараат платата за јуни, за да се нормализира сообраќајот кој е во прекин.

Претходна вестНајбрзиот пијанист на светот доаѓа во Скопје
Следна вестУХМР со вест која ќе не израдува: Доаѓа дожд и разладување