УХМР со вест која ќе не израдува: Доаѓа дожд и разладување

Од утре попладне се очекува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е појава на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења, град и силен ветер со над 80 километри на час.

Синоптичарите препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, граѓаните да бидат внимателни и да не престојуваат на отворено и под осамени дрвја.

Промената на температурата доаѓа откако изминатите неколку дена земјава е во портокалова фаза со температури над 40 степени.

Претходна вестОд вчера попладне нема возови во земјава, за опозицијата железницата е во кома
Следна вестЕкспертите „паѓаат“ пред партиските пресметки: Дали Владата ќе ја разреши Петровска поради судирот до ДОМ?