Експертите „паѓаат“ пред партиските пресметки: Дали Владата ќе ја разреши Петровска поради судирот до ДОМ?

Актуелната директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, не сака да ги коментира најавите за нејзино разрешување, ко денеска го најавија некои медиуми, повикувајќи се на свои неименувани извори.

-За ова прашање не би сакала да коментирам. Владата ќе одржи седница и доколку има таква точка на дневен ред, тоа е тоа, рече Петровска на прес-конференцијата, на која даде отчет за сработеното на Инспекторатот во првата половина од годинава.

Разрешувањето на Петровска треба да се случи на денешната владина седница, последна пред одморите која ќе се одржи онлајн бидејќи повеќето министри веќе се на одмор.

Засега нема официјална потврда за ова, бидејќи во соопштението со најавата за владината седница не се споменува ваква точка.

Ана Петровска, за директорка дојде како кадар на ДОМ, е во конфликт со лидерката на партијата, Маја Морачанин, и дека евентуалното разрешување може да се смета за кулминација на внатрепартиските случувања.

Внатрепартиските превирања во ДОМ добија јавност кон средината на мај годинава кога Петровска и на Мирослав Богдановски, останаа без партиските функции.

На тогашната седница на Централниот одбор на партијата, со мнозинство гласови, им беше изгласана недоверба, со што Петровска и Богдановски ги изгубија позициите потпретседатели и членови на Извршниот одбор. Причината, како што тогаш наведоа од ДОМ, е нелегитимна иницијатива за одржување вонреден партиски конгрес.

Подоцна, Богдановски најави дека ќе дејствува како независен пратеник, а потоа поднесе и оставка.

Но, што вели професионалното досие на Петровска

Петровска рече дека Државниот инспекторат за животна средина во првите шест месеци од годинава сработел 1.132 надзори, односно за 30 отсто повеќе од предвидените 866.

Информираше дека се покренати и две кривични пријави, а поведени биле и 43 прекршочни постапки од кои 36 се казни со изречени глоби со платни налози.

-Платните налози се со различни причини, голем дел се изречени за отстапување од водостопанските дозволи односно неплаќање на надоместоци за водни услуги од страна на комуналните претпријатија. Понатаму, сме имале спогодување до АД ‘Водостопанство’ во насока да се регулираат речните корита кои порано беа издавани дозволи за регулација на речното корито, а не се вршеше регулација само се вршеше копање на песок. Сега со таа спогодба АД ‘Водостопанство’ има обврска по стационажи да врши регулација на речното корито, а дури потоа да продава ископан песок и чакал. Имаме платни налози кои се изречени за диви отпади, забрани за асфалтна и бетонска база…, рече Петровска.

Најниските глоби, како што посочи Петровска, се во износ од 3.000 евра, а највисоката глоба изречена оваа година е 20.000 евра – за една оранжерија во Градско од која истекол мазут во реката Вардар.

Претходна вестУХМР со вест која ќе не израдува: Доаѓа дожд и разладување
Следна вестБугарија испраќа три противпожарни возила, 25 пожарникари и 2 амбулантни возила