Бугарија испраќа три противпожарни возила, 25 пожарникари и 2 амбулантни возила

По наредба на премиерот Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за справување со пожарите што избувнаа на територијата на Република Северна Македонија, објави бугарската агенција „Бгнес“.

Помошта, како што е најавено, ќе стигне преку механизмот за заемна помош, а бугарската влада планира да испрати 25 пожарникари, 3 противпожарни возила и уште 2 амбулантни возила за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево.

Агенциите потсетуваaт дека уште вчера во телефонски разговор со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, премиерот Стефан Јанев изјавил дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на катастрофата.

Претходна вестЕкспертите „паѓаат“ пред партиските пресметки: Дали Владата ќе ја разреши Петровска поради судирот до ДОМ?
Следна вестСтаса сертификатот за вакцинација за патување во САД и Канада, од следната недела и зелениот ЕУ пасош