Темен режим Режим на светлина

Австрија не сака да прими нови бегалци од Авганистан

Австрија нема да прими нови авганистански бегалци, соопшти вчера австрискиот канцелар Себастијан Курц.

-Не мислам дека треба да примиме повеќе луѓе во Австрија, туку спротивното, изјави тој во интервју за австриска телевизија.

Во Австрија веќе има 40 илјади Авганистанци, што е втора најголема авганистанска заедница во ЕУ според бројот на популацијата во земјата.

Курц постојано ја отфрла можноста да прими уште Авганистанци.

-Нема да има такво нешто додека јас сум канцелар, вели Курц и додава дека тие имаат проблем да се интегрираат во австриското општество.

Курц е свесен дека Талибанците се сурови и дека условите за живот во Авганистан се ужасни, но вели дека меѓународната заедница треба да направи сè што може да ја подобри ситуацијата во земјата

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 80 санкции за брзо возење

Следна објава

Угостителите од Струмица излегуваат на протест: Ние не ја шириме короната, време е Владата да донесе нови мерки