Одбор за акредитација на високото образование: Поништена акредитацијата на Проектот за основање на Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга

Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга.

-Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, соопштија од Одборот за акредитација на високото образование.

Претходна вестДве години затворска казна за медицинската сестра што крадеше цитостатици од Онкологија
Следна вестИлиев по само четири месеци се раздели со Сараево