Одземени четири мотоцикли, учествувале во „диви трки“ низ Скопје

Четири мотоцикли се одземени во полициската акција чија цел беше откривање на возачи на мотори кои организираат и учествуваат во “диви трки“ на подрачјето на Скопје. Акцијата е спроведена вчера во периодот од 07.00 до 24.00 часот од страна на Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

-Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост, соопшти полицијата.

Претходна вестПограничен инцидент во Охридското езеро, полицијата испукала предупредувачки куршуми
Следна вестОхриѓанка загина откако ја удри „Мерцедес“ управуван од млад скопјанец