Прегазен пешак во Охрид. Имено, охриѓанка М.Т. (58) загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Охрид откако беше удрена од патничкото моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички.
Таа се движела пеш по улицата „Сирма војвода“ кога возилото со кое управувал 19-годишниот скопјанец Д.С. удрило во неа.
Повредената жена веднаш била префрелна за укажување на лекарска помош во Комплексот на клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје каде што им починала на повредите.
-Извршен е увид од страна на јавниот обвинител, судски вештак и полициски екипи, информира МВР.