Од 9 до 13 ноември во Скопје ќе се одржи дваесеттото издание на Oффест.
Публиката ќе ужива во португалското дуо Лина и Раул Рефри, триото Широм (Словенија), во комбинација со апокалиптичната самба на извонредниот гитарист/композитор и воедно еден од најзначајните експоненти на современата бразилска музика Кико Динучи и неговата специјална гостинка Јусара Марсал.
Биографиите на сите учесници се достапни на социјалните мрежи на Оффест. На истите места заинтересираните ќе можат да ги најдат и деталите за тоа како да стигнат до билет и кои се протоколите под кои годинава ќе се одржува традиционалниот фестивал.