„Оффест“ презакажан за во ноември, вината е во Министерството за култура

Наместо од 2 до 6 јуни, јубилејното издани на „Оффест“ односно 20-годишнината, е презакажана за мсесец ноември, бидејќи Министерството за култура не им ги исплатило парите на време.

-Ова е прв ваков случај во историјата на OFFest, како и на постариот Скопски џез фестивал, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на OFFest се 9-13 ноември 2021. Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање – концертот на модерниот фадо дует Lina_Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов, наведуваат од Скопски Џез Фестивал.

Во рамки на првата фестивалска вечер на OFFest 2021 ќе биде прикажан и документарниот филм “The Art of Amália”, посветен на кралицата на португалското фадо Amália Rodrigues.

Претходна вестДиректори на училишта „се разбудија“, наложија итни состаноци на советите на родители
Следна вестУмерена облачност и слаб ветер, температура до 28 степени