Огнена стихија во поранешна „Треска“ каде што планираа да никнат згради

Огнена стихија денеска ги зафати објектите коишто се наоѓаат во кругот на поранешната фабрика „Треска. Огнот и густи облаци црн чад се издигнуваа над магацините и продавниците сместени во просториите на објектите на поранешниот капацитет за производство за мебел. На терен се излезени повеќе пожарникарски возила и пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Причините се уште не се познати а очевидците наведуваат дека прво се слушнала експлозија. Повремени „пукања“ или помали експлозии се слушаат и во моментов.

Голем дел од луѓето кои живеат во околните куќи стравуваат нивните домови да не настрадаат.

Овој простор е предмет на Детален урбанистички план околу кој во изминатиот период имаше многу расправии меѓу општина Центар, граѓански организации и сопственици на парцелите.

Претходна вестГори старата фабрика „Треска“ – се подготвува ли нешто таму како што предупреди Шанса за Центар?
Следна вестСОНК алармира за списоци и притисоци врз штрајкувачите – не се откажуваат без да добијат предлог од министерствата