Вчера околу 12.25 часот на велосипедска патека кај Центарот за обука на вода во Охрид, 60-годишна охриѓанка управувајќи велосипед, паднала на патеката.
Во незгодата, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за трауматалогија и ортопедија „Св.Еразмо“ Охрид, информира полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.