Охриѓанец завршил в болница. Тој бил прво претепан а потоа и избоден со нож.
– Денеска (05.04.2023) во СВР Охрид било пријавено дека во 02.40 часот во Медицински центар Охрид со повреди бил донесен А.Ј. од Охрид. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад со остар предмет во угостителски објект во Охрид, соопштија од охридската полиција.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.