ОЈО: 36 лица во мрежата со издавањето возачки дозволи со лажни податоци

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе oбвинение против 36 лица за издавањето возачки дозволи без положен испит.

Петмина од нив се товарат за злоупотреба на службена положба и овластување, додека останатите 31 се оние кои ги добиле дозволите и се обвинети за поттикнување при извршувањето на тоа кривично дело.

Петтемина обвинети се вработени во Одделението за управни работи Скопје, Сектор за управно надзорни работи, Оддел за граѓански работи при МВР кои во периодот од 26.11.2019 до 19.05.2020 година, им издале возачки дозволи на останатите 31 лице без положен возачки испит со внесување невистинити податоци.

За првоосомничениот, кој веќе е во притвор, најверојатно мерката ќе биде продолжена.

За упте три лица кои беа дел од истрагата утврдено е дека не биле дел од мрежата, поради што кривината пријава против нив е отфрлена.

Претходна вестКреаторот на ваксајнс.мк по получасовен разговор пуштен од полициската станица Карпош
Следна вестДневен пресек ковид-19: Седум починати и 416 новозаразени – во Скопје 2.818 активни случаи