Околу 300 војници и 150 полицајци ке ги обезбедуваат болниците, ова денес го изјави вршителот на должност на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој денеска посочи дека вкупно 295 припадници на Армијата ќе учествуваат во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство, нагласувајќи дека бројка е еластична и оти тоа не значи дека во текот на утрешниот ден сите ќе излезат на терен.
На тој начин околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти, со што припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.
– Полициските службеници се оние кои што имаат полициски овластувања, додека припадниците на Армијата ќе им помагаат на нив. Ние не праќаме војска затоа што граѓаните прават нереди во болниците, туку превентивно, за да го одржува редот и за да можат здравствените работници непречено да ја вршат својата работа ,објаснува Ангелов, додавајќи дека состојбата од аспект на безбедноста е целосно под контрола.
Исто така се предвидува вклучување и на невладините организации, за да има поголема транспарентност Акцискиот план, чии претставници ќе учествуваат на состаноците, но без право на глас.