Позитивен на корона вирус е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Оваа вест тој ја објави на Фејсбук при што наведе дека клиничката слика му е добра, со благи симптоми и веќе е во домашна самоизолација.
-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за ЦОВИД-19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се, наведе Спасовски синоќа во објавата.