Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање во Обединети нации не ги споменал македонските малцинства во Бугарија и Грција иако дебатата била на тема малцинстватам реагира денеска ОМО „Илинден – Пирин“, организација на Македонците од Бугарија.
Во соопштението се наведува дека се продолжила традицијата ниту еден македонски премиер да не ги спомнува овие малцинства во своите говори.
-Премиерот Ковачевски зборуваше во ООН за правата на малцинствата и се разбира не кажа збор за македонските малцинства во Бугарија и Грција. Најтажното не е дека еден македонски премиер во својот говор за правата на малцинствата не ги спомна македонските малцинства во Бугарија и Грција – несомнено меѓу најонеправданите малцинства на Балканот, туку дека ниту некој од нас не очекувавме да нѐ спомне!Може ли да има понесреќни малцинства од оние кои истовремено живеат во држави, кои ги негираат, дискриминираат и асимилираат и припаѓаат на нации чии држави ни уста за нив не отвораат, не па да ги заштитат? Како да живееме во народна приказна – несакани од мајка – мразени од маќеа. Двојно несакани – двојно сами. После толку борби на македонскиот народ за своја држава имаме држава која не ги третира сите делови од македонскиот народ како свои, реагираат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.