Обединетите нации усвоија резолуција со која 30 мај го прогласуваат за Меѓународен ден на компирот, пренесува „Бета“. ФАО верува дека одбележувањето на тој ден „ќе ја нагласи важноста на компирот за глобалното земјоделство, развојната економија и безбедноста на храната“.
Предлогот беше поднесен од Перу. Инаку, во Перу се одгледуваат неколку илјади сорти компири, а во таа земја се наоѓа и Меѓународниот центар за компири.
Како што е наведено, компирот, по потекло од јужноамериканскиот регион Анди, пристигнал во Европа во 16 век, а потоа се проширил низ целиот свет.