Забележано е ширењето на фентанил и неговите деривати на црниот пазар во Европа, но и на Балканот во Словенија.
Во Сад на годишно ниво како последица на злоупотреба на фентанил и негови деривати умираат приближно 100.000 лица, како резултат на инјектирање, шмркање линии од него или голтање.
Во здравствените установи, во строго контролирани услови се користи за ублажување на болката кај пациенти со напредна фаза на малигни заболувања каде покажува посилно дејство од морфиумот.
Посебно загрижува тоа што дури и едно консумирање може да направи лице сериозно зависно, а многу мала количина може да доведе до срцев удар.