Изградил станбен објект на туѓ имот, кривична за жител на дебарското село Могорче

Жител на дебарското село Могорче доби кривична пријави оти изградил станбен објект на туѓ имот во истото село.

„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.М.(36) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. Тој, на катастарска парцела во истото село, сопственост на други лица, неовластено изградил станбен објект“, велат од МВР.

Претходна вестОпасна дрога е забележана на црниот пазар во Европа, но и на Балканот
Следна вестДИК предлага да може да се гласа и со пасош без „Северна“, одредбата би важела за граѓаните со истечени лични карти