„Опел“ влетал кај нотар во Автокоманда

Сообраќајна несреќа се случила ноќеска во скопската населба Автокоманда откако возило од марката „Опел“ влетало во нотарска канцеларија. Засега нема информации за повредени лица но од фотографиите кои што се објавени на социјалните мрежи се гледа дека канцеларијата е уништена. Во коменатрите на граѓаните на Фејсбук-група „Ѕид на сообраќаен срам“ од каде е преземена фоторафијата се наведува дека причината е веројатно во тоа што на возачот му се слошило во текот на возењето. Но, детали за сообраќајката сигурно ќе следат во текот на денот од страна на полицијата.

Вчера граѓаните беа сведоци на слична сцена во центарот на Градот, кога автомобил влета во кафуле во зградата „Тифани“.

Претходна вестСе бара притвор за дилерот кој снабдил дрога за забавата во станот во Центар
Следна вестНе ни треба увоз за квалитетен спорт туку засукување ракави