Општина Аеродром: Лисиче ќе добие ДУП според барањата на граѓаните

​Населбата Лисиче ќе добие нов детален урбанистички план кој ќе биде во согласност со барањата на граѓаните. Општина Аеродром цврсто стои на ставот дека новата верзија на урбанистичкиот план која е во фаза на изработка ќе ги опфати најголемиот дел од забелешките на граѓаните, дадени преку јавната анкета и ќе реши голем дел од проблемите на граѓаните на овој дел од општина Аеродром, соопштија денеска од оваа скопска Општина.

Во соопштението се рагира на вчершниот протест на граѓаните на булеварот „Србија“, а кои побараа повлекување на спорниот ДУП.

-Протестите со политичка позадина, имаа единствена цел – да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми со кои се соочува државата. Затворањето и блокирањето улици е аматерски обид за политичко поентирање. Граѓаните се сведоци и јавноста памети дека пред неколку години, исти вакви политички протести со шарени бои, тогаш донесоа политичка криза, хаос во градот, а на долг рок истите беа основа за нова влада, која сега е симбол на корупција, криминал, сиромаштија и беззаконието во државата. Шарената боја на вчерашните протести е само потврда и уште еден доказ за коалицијата помеѓу СДСМ и Левица. Коалиција која шири лаги и невистини, создава вештачки кризи и не носи никаков бенефит за граѓаните, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Општина Аеродром е во редовна и секојдневна комуникација со граѓаните.

-Не велиме дека нема проблеми, но тие се решаваат и решенијата се бараат преку редовна и нормална комуникација и дискусија. Во оваа насока апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на шарените лаги и дезинформации со кои СДСМ и Левица ја манипулираат јавноста. Општина Аеродром, како и досега во целост стои на располагање за сите граѓани кои на било каков начин сакаат да дадат своја конструктивна сугестија или забелешка во процесот на носење на деталниот урбанистички план, потенцираат од Аеродром.

Претходна вестКазнети 161 возач во Скопје, 24 возеле брзо, 10 без возачка дозвола
Следна вестЗошто СДСМ не сака да се обиде да си ги поправи грешките со „францускиот предлог“?