Општина Центар набави смарт табли, проектори и компјутери за основните училишта

Општина Центар набави16 смарт табли, проектори, тавански држачи за проектори и кабли, печатач и компјутери за основните училишта. Како што информираат од Општината, набавката е со цел основците да имаат комплетна можност за реализирање на современа настава.

– Нема ништо поважно од вложувањето во училиштата и образовните институции, каде што е развојот на нашата иднина. Вложувањето во квалитетното образование не подразбира само вложување во човечки ресурси или инфраструктурни зафати туку и во нагледните средства како важни во севкупниот наставен процес, изјави Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар.

Набавките се извршени од страна на одделението за образование при Општина Центар.

Претходна вестКонечно, посериозно намалување на цената на горивата
Следна вест„Европа го зборува мојот мајчин јазик“, нова стихозбирка од Веле Смилевски