Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на 75 семејства кои имаат принова им донесе дополнителна радост. Тој денеска додели 75 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња во износ од 7.000 денари.
– Ова се најсреќни мигови во вашиот живот, но пред вас има и многу предизвици. Токму затоа Општина Центар е тука да ви даде поддршка. И оваа година продолжуваме да доделуваме парична помош од по 7. 000 денари за секое новороденче, средства, кои, се надевам, ќе бидат добредојдени во буџетот на семејствата што имаат принови. Со оваа финансиска поддршка сакам да испратам јасна порака дека нашата општина се грижи и ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители“, истакна градоначалникот Герасимовски, кој лично им ги врачи решенијата за парична помош на родителите.