Пендаровски: Возачките дозволи ќе важат уште 10 месеци

По вчерашното соопштение на МВР во кое ги известија дека возачките дозволи ќе до вечер на полноќ, реакциите не стивнуваат. Претседателот на Собранието, Јован Митрески за попладнево околу 17 часот закажал итна седница за да се продолжи рокот на важење на возачките дозволи, а по претходна координација со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Пендаровски во изјава за медиумите рече дека ќе се продолжи важноста на возачките дозволи за 10 месеци.

-Можам да ве информирам дека сите пратенички групи безмалку сите дадоа поддршка, денеска во 17 или 18 часот е закажана седница на парламентот колку што јас знам, на која ќе се донесе измена на законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешноста на државата. Мислам дека во законот ќе стои 10 месеци плус, и треба да се сменат во тие 10 следни месеци околу 270 илјади возачки дозволи и тоа е изводливо, изјави Пендаровски.

Пендаровски додава дека предлозите за денешните законски измени ги презентирал пред два месеци во телевизиско интервју.

– Жал ми е што моравме да правиме дополнителни политички интервенции за конечно париите во парламентот да се согласат и да направат измена макар на дел од законите. Јас барем овие предлози ги дадов пред два месеци во мое интервју. Значи, вчера разговарав со претседателот на Собранието, тој сугерира да ги собере сите пратенички групи и да се обидеме да ја надминеме оваа ситуација која е неиздржлива од аспект на интересите на нашите граѓани, додава Пендаровски.

Претходна вест„Љубов, страст – фламенко“ со оркестарот на Македонската филхармонија
Следна вестОпштина Центар со финансиска помош во износ од 7.000 денари за 75 семејства со новородено дете