Уште еден случај на врсничко насилство: Девојчиња истепале врсничка во Аеродром

Нов случај на врсничко насилство е забележан во скопската општина Аеродром. Полицијата денеска соопшти дека на 09.02.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(48) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината малолетна ќерка физички била нападната од неколку малолетнички.

-По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата во денешниот дневен билтен.

Ова се случува само кусо време откако во Скопје е забележан случај во кој две девојки физички нападнале тинејџерка. Видеото од насилството мегу младите кое се случило во центарот на Скопје пред два дена се споделува на социјалните мрежи.

Случајот го потврди и полицијата која соопшти дека на 9 февруари во 18,20 часот во СВР Скопје 45 годишен човек пријавил дека околу 13 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар , по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Полицијата наведе дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСкопјанец најден починат пред гаража во Кисела Вода
Следна вестДавитковски: Обвинителството веднаш да го повика оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото име