Општина Центар ги отстрани нелегалните објeкти до мостот кај Железничка станица

Отстранети се четири нелегално направени објекти под мостот кај новата Железничка станица, соопшти денеска општина Центар.

-Овој запуштен простор, населен од бездомни семејства и полн со диви депонии, беше извор на загадување и зарази и претставуваше голем проблем на жителите од околните места и на минувачите. Со целосно почитување на постапката и законските одредби, откако инвеститорите по издаденото решение за самостојно отстранување не ги отстранија објектите, Секторот за инспекциски работи со помош на механизација пристапи кон присилно отстранување. По отстранувањето на објектите, општината го исчисти просторот и дополнително истиот ќе биде уреден, се наведува во општинското соопштение.

Од Општина Центар најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активностите со нелегално изградените објекти и апелираат граѓаните да не градат каде што тоа не е предвидено, да ги почитуваат законите и да се придржуваат до постоечките правилници за градба.

Претходна вестБензините пак поевтинуваат за по половина денар
Следна вестЛевица: Време е Филипче да си даде оставка и да престане вината да ја префрла кај народот