Во изминативе седум дена санкционирани се 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти денеска ЈП Паркинзи општина Центар.
Во периодот од 18.01. до 24.01.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 69 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
–ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места, се наведува во соопштението.
Добро е тоа што општибата сака да воведе ред во овој дел од сообраќајот во пренатрупаниот центар на Скопје.
Инаку, во соопшението немаше информација околу тоа колку се одржуваат постојните паркинзи и дали ќе се прават нови.