Темен режим Режим на светлина

Казни за 218 возачи во Скопје, 18 возеле без возачка, 21 зборувал на телефон…

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции и 21 мерка за користење на мобилен телефон, соопшти денеска МВР

-Освен тоа, седум мерки се изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 12 мерки за некористење сигурносен појас, 15 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), седум за непрописно престигнување и 79 мерки за непрописно паркирани возила, се наведува во информацијата.

Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сега и Португалија ни вети дека ќе работи за нашиот „датум“

Следна објава
МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп

Општина Центар не му дава на пајакот да се одмори