Сега и Португалија ни вети дека ќе работи за нашиот „датум“

Датумот, е главната преокупација на македонската влада. Датумот за преговори со ЕУ, датумот кога ќе дојдат вакцините, датумот…

А ветувања за тоа даваат и самите министри, а ни даваат и од ЕУ. Најново за ЕУ-датумот ни стигна од Португалија. За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва.

Како претставник од земјата која е претседавач со Советот на ЕУ, тој рече дека во рамките на нивните надлежности ќе направат сè што е во нивна моќ да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да почнат пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ.

Ова беше истакнато на средбата што ја оствари Силва со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на првиот ден од работната посета на Брисел.

За потсетување, и Германија како претходен председавач со ЕУ силно ветуваше дека се ќе направи за нашиот датум.

Ќе дојде ли датумот, ќе видиме.

Претходна вестПо години седење дома и земање плата, првите 349 „рамковни“ ќе одат на работа
Следна вестКазни за 218 возачи во Скопје, 18 возеле без возачка, 21 зборувал на телефон…