Орбан: Унгарија и Србија нападот на „Јужен тек“ би го сметале за повод за војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека за Унгарија и Србија нападот на „Јужен тек“ би бил земен како повод за војна. По минирањето на гасоводот „Северен тек“, Унгарија и Србија предупредија дека ќе го разгледаат навлегувањето во рутите што ги користат за испорака на руски гас како причина за војна, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со американскиот новинар Такер Карлсон.

Уништувањето на „Северен тек“ Унгарија веднаш го оквалификуваше како терористички акт, а отсуството на ваква остра реакција од Германија Орбан го нарече „манифестација на дефицит на суверенитет“.

– Ние Унгарците веднаш јасно ставивме до знаење дека постои уште еден гасовод – не „Северен тек“, туку „Јужен тек“, преку кој гасот доаѓа од Русија по јужниот коридор до Турција, Бугарија, Србија и Унгарија – додаде Орбан.

Тој изјави дека тогаш заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, јасно ставил до знаење дека доколку некој сака да го направи истото со јужниот коридор како што е направено со северниот, ќе го смета за причина за војна, терористички напад и дека веднаш ќе реагира.

Претходна вестНов државен удар во Африка – во Габон, за Борел ова е голем проблем на Европа
Следна вестТројца уапсени во Тетово, кај нив пронајден кокаин