Тројца уапсени во Тетово, кај нив пронајден кокаин

Три млади лица се уапсени вчеравечер во Тетово. Кај нив бил пронајден и одземен кокаин.

– Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 21.40 часот, на улицата Илинденска во Тетово ги лишиле од слобода 29-годишниот Х. Д., 32-годишниот Б. С., 33-годишниот И. А., тројцата од тетовска Мала Речица, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин, извести СВР Тетово.

Тие се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Претходна вестОрбан: Унгарија и Србија нападот на „Јужен тек“ би го сметале за повод за војна
Следна вестПожарот во Грција уништи површина поголема од Њујорк