Организациската директорка Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да контактираат со медиумите

Организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази донела наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност.

-Клиниката ја донесе следната Наредба: За забрана на неовластено присуствување, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично со што би се нанело штета на интересите на угледот на клиниката. Средба со новинари, други медиуми само со претходно известување на в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи а санкционирање, стои во наредбата.

Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

Дали е ова законски ДСЗИ ќе проверува деновиве. Од минатиот четврток 18-те лица повторно почнале да извршувааат работни задачи на Клиниката, иако за дел од нив јавно беше посочено дека немаат соодветно образование.

Претходна вестОпштина Карпош: Зад рингишпилот стои насилник за кого законските процедури не важат
Следна вестДвојно зголемување на бројот на претставки до КСЗД