Темен режим Режим на светлина

Оризопроизводителите од истокот се подготвуваат за протест ако не им бидат исплaтени субвенциите

Полицијата одзеде трактор кај Тетово, возачот без возачка дозвола Полицијата одзеде трактор кај Тетово, возачот без возачка дозвола

Почнаа подготовките за сеидба на оризот во кочанскиот регион. Оризопроизводителите ги бараат субвенциите и за зелената нафта. Со цел да вложат во производството. Најавија дека до крајот на месец ќе одлучат и дали ќе излезат на протести.

Оризовата арпа се откупува од 37 до 38 денари за килограм. Од Националната мрежа на земјоделци велат дека доколку откупната цена паѓа и е под производната, во тој случај голем дел од оризопроизводителите ќе размислат дали ќе почнат со обработување на површините.

Земјоделците од Националната мрежа и понатаму бараат загарантиран откуп и откупна цена на земјоделските производи, а оризот да се прогласи за стратешка култура.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Шкупи е нов лидер, Струга загуби два бода кај Работнички

Следна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност