Со веќе одржаните концерти во Риека, Загреб, Сараево и Нови Сад, „Оркестар без граници“, формиран пред десеттина години од врвни музичари од екс-ју земјите – се враќа на сцената. Следни дестинации им се Марибор (25-ти) и во Нова Горица (26-ти).
– Со оваа турнеја, „Оркестар без граници“ сака да ги инспирира луѓето да размислуваат за времето по пандемијата. Поради системските проблеми како што се климатските промени, социјалната нееднаквост, хиперпродуктивноста и потрошувачката, треба да се запрашаме колку сакаме да се вратиме во нормалноста пред пандемијата. Време е за суштински промени во колективните цели, верувања и вредности со кои ја градиме реалноста за која сите ќе бидеме еднакво одговорни – велат од оркестарот.
Во оркестарот од Македонија членуваат музичарите: Џијан Емин, Владимир Костов, Михаило Куфојанакис, Фросина Богданоска, Мартин Димитров, Даниел Лазаровски, Божидар Пејиќ, Александар Поп Христов, Петруш Петрушевски, Марина Арсова и Виктор Илиески.