На 04.12.2020 околу 03.00 часот, во Полициска станица Валандово е пријавена кражба на марихуана од склад за марихуана на фирма во с.Јосифово. СВР Струмица презема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на пријавеиот настан.
Mарихуаната е одземена со користење на насилни методи, при што лицата кои со маски фантомки и најверојатно наоружани провалиле во објектот го врзале лицето кое вршело обезбедување на складиштето за марихуана.