Османи: И јас живеам само од плата

Обично не сакам да бидам популист на оваа тема, затоа што, како што кажав еднаш, не мислам дека е за фалење кога политичарите велат не ми е важна платата, затоа што со тоа како да кажуваат „не живеам од плата“. Вака изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конферецнија на која стана збор за корекција на платите на функционерите и за антикризните мерки со кои ќе се пренасочат средства за ранливите групи  граѓани.

– Јас живеам само од оваа плата и ми е важно. Во овој случај разбирам дека приоритет треба да бидат тие со плати околу минималната. Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание, изјави Османи вчера попладне на пресконференција на која говореше за најавата за корекција на платите за функционерите и пренасочување на дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

Во следниот период ќе се бара решение за кратење на фунцкионерските плати кои во април пораснаа за 78 отсто.

Најавата за корекциите на платите на функционерите и нивно пренасочување за најранливите категории граѓани пред три дена ја објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, појаснувајќи дека Владата задолжила четворица министри за воведување нови антикризни мерки. Сепак, на завчерашната владина седница не беше донесена одлука за корекција на Законот за платите на функционерите.

И покрај тоа, премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека во наредните една до две недели треба да има решение за висината на платите на избраните и именуваните функционери, а кое ќе биде прифатливо, одржливо и нема да биде предмет на поништување од страна на Уставниот суд.

Претходна вестБлагоја Попов – од партизан до градоначалник кој го градеше разореното Скопје по земјотресот
Следна вестТри лица повредени во предполноќна сообраќајка на булевар „АСНОМ“ помеѓу автобус и автомобил