Османи: Се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател

Доаѓам од НАТО, на денот од основањето на НАТО и членството на Северна Македонија во НАТО. Јас почнувам од НАТО, се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател, истакна денеска кандидатот за претседател од редовите на ДУИ, Бујар Османи.

Прес-конференцијата со која тој ја започна изборната кампања тој ја оддржа пред вилата „Водно“ која е резиденција на претседателот на Макеоднија. На платото беше паркиран и дека синиот автобус со негов портрет и кој ќе биде дел од кампањата и неговиот изборен карван.

-Овие избори се народен референдум кој ќе ја определи иднината на оваа држава. Имајќи ја можноста од граѓаните да бидат дел од најважните интегративни процеси, сметам дека ги имам контактите, имам посветеност, за да го остварам сонот на секој граѓанин за европска иднин“, додаде Османи.

Тој кажа дека е поддржан од девет партии. Кампањата ќе биде заснована на заложбата  Македонија да стане членка на ЕУ.

-Го почнуваме победничкиот караван, слушајќи ги барањата на граѓаните, додаде Османи.

Претходна вестСо автомобил ја удриле Данка, па телото го фрлиле во депонија: Приведените го признале делото
Следна вестВелосипедист тешко повредил 85-годишна жена во Скопје и побегнал