На ул.„Московска“ во Скопје, непознато лице со велосипед удрило во Љ.Г.(85) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Ова вчера во 10.00 часот било пријавено во СВР Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Г. која била итно пренесена во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.