Основците од Гази Баба вгодина ќе добијат училишни униформи

Училишни униформи во следна учебна година ќе добијат основните кои учат на подрачјето на скопската општина Гази Баба. Градоначалник Бобан Стефковски на социјална мрежа Фејсбук објави дека за тоа се веќе обезбедени средства.

-Со буџетот за 2023 година, обезбедуваме 12.000.000 денари за набавка на бесплатни униформи за сите ученици. Со почетокот на учебната 2023/2024 година, учениците од општинските основни училишта во Гази Баба ќе добијат бесплатни униформи. Со ова се реализира уште едно ветување кое го дадов пред граѓаните на општина Гази Баб, напиша Стефковски.

Претходна вестМаск: Ќе дадам оставка кога ќе најдам некој доволно луд да ме замени
Следна вестОбјавено делото „Речник на сложенките во македонските црковнословенски текстови“