Основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром ќе добие 18 нови училници

Основното училиште „Блаже Конески“ во Мичурин ќе добие нови 18 училници откако денеска со поставувањето на камен-темелник започнаа градежните работи за доградба на училиштето.

Од Општина Аеродром информираат дека станува збор за капитален проект што ќе се спроведе во две фази, при што по завршување на градежните работи училиштето ќе има дополнителни 10 училници и 8 кабинети по предметна настава, а ќе се изгради и библиотека, голем хол со бина, главни скали и лифт, кујна со трпезарија, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други сервисни простории. Новиот објект ќе добие и современа енергетски ефикасна фасада.

Вредноста на проектот изнесува 200 милиони денари издвоени од буџетот на Општина Аеродром со поддршка од Владата.

Претходна вестМитева: МЕПСО давал пари за граѓански здруженија, боречки клуб и Центар за модерни и спортски танци
Следна вестНародна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени